Успешна полициска рација спречила голема катастрофа
Успешна полициска рација спречила голема катастрофа кога доцна вечерва припадници при ЕБР и ЕБИ на ПС од ПП при СВР БТ на МВР, по тел. пријава пристигната од лицето А. Б. упаднале во домот на лицето В. Г. кој се наоѓа во НМ Рид (точната адреса со ул. и бр. е позната на редакцијата, но забрането е да се објав., бидејќи таа инф. се смета за СД), каде ги затекнале лицата Д. Ѓ., Е. Ж., З. Ѕ. и И. Ј. како договараат злосторничко здружување со лицата К. Л., Љ. М., Н. Њ., О. П. и Р. С, со цел физички и материјално да им наштетат на лицата Т. Ќ., У. Ф. Х. Ц. и Ч. Џ. викан Ш.
Во домот на В. Г. пронајдени се и неколку вида на различни НС и ОД, меѓу кои и поголема количина на ТХЦ и ЦБД, но и ОО калибар 7,65 за кое немал дозвола за поседување, ниту пак имал ЛУ. Лицето В. Г. дополнително ќе треба да одговара пред суд за пронајдените НС, ОД, ТХЦ, ЦБД и ОО, вклучително и за непоседувањето на ЛСД што не било пронајдено, но припадниците на МВР биле убедени дека ќе пронајдат. Останале разочарани, со што лицето В. Г. може да се соочи и со пријава за нарушено емотивно здравје на СЛ од МВР.
Веднаш по извршената рација во која уапсени се сите лица, од В. Г. до Р. С., земени им се изјави од страна на СЛ во ПС од ПП при МВР, лишени се од слобода и изречена им е мерка притвор во КПД Индризово во СК до завршување на судењето, кое ќе го води ОЈО во ОС-1 во СК.
Редакцијата на НЕОЗБИЛНО успеа да го интервјуира лицето В. Г. кое на нашето прашање кратко нѝ одговори:
Идете УПМ!
Лицето В. Г. тврди дека нашиот новинар му возвратил со “Гони се бе, да ти ЕМ”, за што се закани со КП преку ПС во ПП.
Операцијата била СД, до моментот на упад и завршила со макс. успех, досега невиден во МК, но дел од информациите сеуште се водат како СД.
Редовно следете го НЕОЗБИЛНО на ФБ и др. СМ, со цел најбрзо, навремено и редовно да ги добивате најновите инф. од Земјава и Светот на вашиот ПЦ или СФ.
Не заборавајте да ја споделите оваа важна инф. со вашите пријатели на ФБ и др. СМ.
Кромид вест!Фото: Pexels