Во ред, овде сите сме за забава, но сепак има некои граници и правила до кои сите треба да се придржуваме и да имаме фер однос едни кон други.
Во понатамошниот текст ќе пробаме да ги објасниме правилата на наједноставен можен начин. Овие правила може да бидат дополнети или изменети без претходна најава, а се однесуваат на фер политики во однос на превземање на содржини.
Превземање на авторски текстови
Превземање на авторски текстови од категориите КРОМИД, РАЗНО, МАГАЗИН и НАУКА (хај-тек) е забрането!
Од овие категории може да се превземе дел од текстот, најмногу 3 реченици или 35 збора (не броејќи ги сврзниците), по што морате да линкувате на оригиналната статија на НЕОЗБИЛНО.
Дозволена е разумна отстапка за автоматизирани веб агрегатори, но само доколку се работи за автоматизиран софтвер кој агрегира податоци и доколку отстапката од она што е погоре назначено е стандардна за сите останати сајтови кои ги агрегира автоматизираниот агрегатор.
Доколку сакате да превземете поголем дел или цел текст, ве молиме контактирајте со нас, можеби ќе се договориме 🙂
Превземање на текстови кои се сметаат за јавен домен (јавна сопственост / public domain)
Превземањето на текстови од јавен карактер (public domain) е дозволено. Вакви текстови се текстовите во категоријата ВИЦ. При превземање на содржина од категоријата ВИЦ, иако не е обврзно, навистина би ценеле доколку линкувате до оригиналната содржина на нашиот сајт, или директно на почетната страна. На пример: „Содржината е превземена од: НЕОЗБИЛНО“ (при што линкот е наместен на зборот „НЕОЗБИЛНО“ или на целата реченица).
Иако не е јавен домен, дозволено е превземање и на текстови од категоријата НАЈОЗБИЛНО, но со посебно внимание. Во оваа категорија најчесто се објавуваат повици за собирање на добротворни прилози од различен карактер. На некои од содржините линкуваме кон извор. Ако линкуваме кон fund rising веб сајт, не сте обврзани да линкувате или назначувате во превземениот текст, но е пожелно, бидејќи на тој начин лесно може да се потврди веродостојноста на повикот. Доколку изворот е друг веб сајт од информативен или информативно-забавен карактер, потребно е и вие да го линкувате изворот на истиот начин како што сме го линкувале и ние.
Превземање на содржини од останатите категории
Превземањето на содржините од категориите ДОСЕТКИ, СЛИКОВИТО, YOU-TOK и евентуално ненаведена категорија е дозволено, но навистина би ценеле доколку линкувате до оригиналната содржина на нашиот сајт, или директно на почетната страна. На пример: „Содржината е превземена од: НЕОЗБИЛНО“ (при што линкот е наместен на зборот „НЕОЗБИЛНО“ или на целата реченица).
Превземање на фотографии, слики, илустрации и други графички содржини
Превземањето на графички содржини од НЕОЗБИЛНО не е препорачано! Иако повеќето графички содржини објавени на НЕОЗБИЛНО се во доменот на CC0 Creative Commons или јавен домен (meme), повремено можно е да објавуваме наши оригинални графички содржини или други графички содржини кои не се во наша сопственост, но за кои имаме добиено дозвола да ги објавиме. Поради комплексноста голем дел од содржините јасно да се разграничат дали се во јавен домен, CC0 Creative Commons лиценца или се наше или туѓо авторско дело за кое имаме дозвола да го објавиме, не препорачуваме превземање на графички содржини. Доколку превземете графичка содржина која е наше или туѓо авторско дело за која немате дозвола да ја ре-објавите, НЕОЗБИЛНО се оградува од било каква одговорност, односно сите правни и други последици ќе ги сносите самите.