По татково име
-Петров!
-Да?
-Од секогаш ли те викале Петров?
-Да.
-А кога беше дете?
-Па, и тогаш.
-Чудно. Обично децата ги викаат по име.
-Во нашето семејство нѝ викаа по татково име.
-И сите деца дома бевте Петрови?
-Да, секогаш кога тато беше дома. Инаку јас бев Јанев, постариот брат беше Стојанов, помалиот брат – Марков, а сестра ми – Николова.