Информатичар на гости
-Ало, брат, а бе кај си се заборавивме. Ај помини да пиеме по едно кафе.
-Е ај, после работа ќе поминам.
Одиш после работа и…
-Еј, а бе ај додека го варам кафево, ѕирни го компјутерот, нешто зафркава. Сигурно е некоја ситница, ти ќе го средиш уште пред да стигне да се свари кафево…
3 часа подоцна:
-Брат, а да ставам уште по едно кафе, ова изгледа комплицирано испадна, а? Арно што помина, ти ќе го средиш. Ако го однесев на сервис ќе ми го дорасипеа цел компјутер.
3 години подоцна, се сретнуваш на улица:
-Еј брат, арно те видов… А бе компјутерон не е нешто како што треба, да поминиш да го видиш, ТИ последно чепкаше во него, да не имаш нешто кликнато несакајќи…
5 години подоцна:
-Кај си бе брат, знаеш…
-Не, не знам. Знам само дека од пред најмалку 7 години ти треба нов компјутер. Не ме барај за тоа, не поправам компјутери постари од 12 генерации.
-Оти, мојот толку е стар? Ами сега пред 17 години го купив, ебаго
-Пред 21 го купи, брат. Пред 21 година. Пред 17 имаше Windows XP, твојот уште е на Windows 98 во 2022-ра. А вчера разбраф дека музејот набавил компјутер со Windows 8 за музејски експонат.
-Ами значи ко така, од 8 до 98, има уште 90 додека да стаса мојот за в музеј. Ти не сакаш да ми завршиш работа, значи ептен си бил нечовек!