10 НАЈЧУДНИ БОРБЕНИ АВИОНИ (+ БОНУС)

Најчудните борбени авиони
Сподели го ова преку:


Повеќето борбени авиони имаат некој стандардизиран изглед. Но некои се многу невообичаени и чудни. Избравме 10 најчудни и плус еден како бонус! 🙂

Единствениот критериум по кој се водевме е чудниот дизајн – што поразличен од вообичаено – тоа подобро. Борбените авиони се по дефиниција млазни летала дизајнирани да пресретнуваат други летала во воздух. Интересно е дека како по правило, млазните авиони најчесто не се оддалечуваат од одредени стандарди за разлика од оние со пропелер, што овие ги прави интересни. А за чудни авиони со пропелери, можеби некогаш ќе чкртнеме некоја линија во иднина.



Ах да, во нашиот избор влегоа само најчудните кои имаат или имале функционален прототип.

Секако, ќе почнеме од бонусот, бидејќи сме неозбилни 🙂

БОНУС: Saab 35 Draken

Целата листа нѝ е со авиони кои никогаш не доживеале сериско производство. Но сметавме дека сепак треба да имаме барем еден кој бил произведуван и се користел. Овој Шведски дизајн со делта крила припоени на трупот – дефинитивно нема конкуренција.

SAAB 35 Draken – Кобра Маневар – gif: Blockhaj

Повеќе за најчудниот борбен авион кој бил во сериско производство – Википедија.

10. Nord 1500 Griffon

Нели е навистина чудно и по малку страшно кога борбен авион има огромен канал за вшмукување веднаш под кокпитот? Делува како да сака едноставно да го проголта она што е пред него. Овој француски прототип за пресретнувач од 1950-тите, делува токму така.

Nord 1500 "Griffon II" Jean-Christophe BENOIST
Nord 1500 “Griffon II” – Jean-Christophe BENOIST

9. Boeing X-32

Уште еднаш, чуден канал за вшмукување на воздух под кокпитот, но нам овој авион многу повеќе нѝ наликува на бумбар кој се насмевнува 🙂

Ова е петта генерација на борбен авион кој го изгуби натпреварот од конкурентот кој подоцна стана познат како F-35. Многумина сметаат дека токму овој чуден изглед многу придонел што F-35 да добие предност, бидјеќи армијата повеќе сака авиони со досаден изглед. Колку ова и да звучи интересно, многу е веројатно се работи за невистинит мит.

Боинг X-32

8. Yakovlev Yak-38U

Верзија со две седишта од не толку познатиот Советски борбен авион со можност за вертикално полетување и слетување (VTOL). Нам нѝ личи на јагула …која ја каснала пчела на главата 🙂 Но во никој случај не би го потцениле, бидејќи Русите всушност одсекогаш ги правеле најдобрите борбени авиони, само не се фалат колку Американците 😉

Yakovlev Yak-38U

7. Republic XF-91 Thunderceptor

Сите ги знаеме Sukhoi Su-57 Berkut и Grumman X-29, авионите чии крила делуваа како да се наопаку (наназад) наместени. Е па, XF-91 има крилја кои изгледаат како да се наместени обратно. Како да го погрешиле при монтажа, па левото крило му го наместиле од десно, а десното од лево. Идејата на дизајнерот е сосема оправдана, има сериозна причина за ова, но XF-91 дефинитивно делува како да излегол директно од некоја компјутерска игра со чудни авиони 🙂

XF-91 Thunderceptor

6. Lockheed YF-12

Овде не е толку чуден изгледот, колку намената. YF-12 е во суштина SR-71 Blackbird (најбрзиот шпиунски авион во светот), но модифициран како борбен авион. Дизајниран е со цел да брка Советски бомбардери при брзини над Mach 3. Малку повеќе претерале, нели? Но според нас, се работи за (веројатно) оправдано паничење, земајќи го во предвид она што го кажавме за Руските наспроти Американските авиони малку погоре, кога зборувавме за Yak-38U 😀

YF-12A

Ако стигнавте до овде, сигурно авионите Ви се интересна тема. Значи, веројатно сакате да знаете и за Неславниот крај на најбрзите патнички авиониГо ставивме линкот и на крајот од текстов 😉

5. Rockwell HiMAT

Добродојдовте во зоната каде авионот изгледа како да дошол директно од Star Wars. Првиот од нив е HiMAT, обид да се направи најманеврирачки авион што е можно. Да не е вака чудно изшаран, веројатно би личел како F-16 од светот на Лудиот Макс.

HiMAT

4. Ryan X-13 Vertijet

Прави тоа што и самото име го кажува – полетува вертикално. Ова е еден од повеќето слични дизајни со кои експериментирале САД во 1950-тите години. Најчудниот дел во врска со овој модел е што ниту едниот од двата прототипи не се срушил.

X-13 Vertijet

3. Rockwell XFV-12

Суперсоничниот VTOL млазен прототип од 1970-тите е авионот со кој Роквел можеше да влези во полето на научната фантастика. Но за жал, се покажа дека овој авион, всушност, многу лошо лета.

Rockwell XFV-12

2. Northrop XP-79B

Овој е еден од најчудните авиони (не случајно е на второ мето). Не се работи само за неговиот чуден изглед, туку и за неговата чудна намена. Помеѓу фанатиците за авиони, XP-79 има одлично заслужена репутација. Неговата намена е да напаѓа непријателски бомбардери така што се судира со нив. И сега, како да не ти е еден од најомилените авиони? 🙂

1. Convair F2Y Sea Dart

Летечки бродови – кул. Суперсонични пресретнувачи – кул. Зошто да не се спојат овие две иде?

Иако некое време изгледаше дека борбените авиони кои полетуваат од вода се нешто од минатото, всушност, имало обиди да се направат уште од почетокот на ерата на млазниот погон. Saunders Roe SR.A/1 е еден од нив, кој изгледаше урнебесно (па добро, веројатно не доволно урнебесно за да го вклучиме во листава 🙂 ), но сите го заборавија.

Convair F2Y Sea Dart

Но, на инжинерите во Convair им се вртеле нови идеи во главите. Го зеле пресретнувачот F-102 Delta Dagger и малку си поиграле со него, па му ставиле скии за на вода. Во 1950-тите идејата за суперсонични авиони кои полетуваат од бродови – носачи, прилично делувала како да доаѓа од научно фантастичен филм, па ова бело обид да се искористи веќе докажана технологија. Суперсоничен авион кој полетува од вода и слетува на вода. Зошто да не?

Биле создадени пет прототипи кои интензивно се тестирале, а најмалку едниот од нив имал …па …да речеме – експлозивни резултати. Останатите ги приземјиле и засекогаш ги заборавиле.


НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ГО СПОДЕЛИТЕ ОВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ 😉

Веројатно сакате да знаете и за Неславниот крај на најбрзите патнички авиони

Кога сме веќе кај летањето, можеби ве интересира и колку се интелигентни враните, или ако сте тука поради патувањето, би сакале да Ве информираме дека патувањето низ времето е возможно.



Сподели го ова преку:

Слични Објави