ПАТУВАЊЕТО НИЗ ВРЕМЕТО Е ВОЗМОЖНО?

Сподели го ова преку:


Луѓето отсекогаш копнееле да можат да го контролираат времето. Некои за да го променат минатото, а некои за да ѕирнат што ги чека во иднината. Постојат многу научно-фантастични филмови кои го опишуваат овој феномен како нешто едноставно, само со притискање на неколку копчиња. Сепак тоа е една комплексна задача со премногу променливи, изискувајќи познавање од биологија, физика, хемија, математика, како и квантна физика.
Математичарот и физичар Бен Типет од Универзитетот во Колумбија сепак тврди дека математички не постои пречка зошто не би било сето тоа изводливо.

Типет дури има и свој замислен модел на машина која би можела теоретски да биде успешна во патување низ времето.
Тој својот модел го нарекува TARDIS (Traversable Acausal Retrograde Domain in Space – time) и е машина која овозможува да се движиш низ времето со поголема брзина од брзината на светлината, досега најголемата брзина на една честичка позната за нас. Неговата замисла за како би можело да биде сето тоа изведено е да се следат искривеноста на просторот и времето во близина на црните дупки кои постојат низ универзумот. Сличен ефект на изобличување на просторот имаат и масивните ѕвезди кои имаат дури и до 1 милион пати поголем дијаметар од нашето Сонце.




Во книгата „Пат околу светот за 80 дена“ од познатиот Жил Верн, се објаснува еден феномен, кога патниците Фог и неговиот слуга Паспарту, се осмелуваат на подвиг да го заобиколат светот за 80 дена, но се враќаат ден порано, иако изброиле точно 80 дена. Всушност, преминувајќи ја замислената интернационална временска линија која се наоѓа на средината на Тихиот Океан, тие губат точно еден ден. Бидејќи Земјата прави една ротација околу својата оска за 24 часа, Сонцето секогаш сјае само во одреден дел на Земјината површина, па затоа постојат 24 временски зони. Преминувајќи ја интернационалната временска линија од запад кон исток, веднаш одземате еден ден. Доколку пак патувате од исток кон запад, додавате еден ден.
Кога би можеле да ја заобиколувате Земјата со поголема брзина, теоретски би можеле да патувате низ времето?!



Сподели го ова преку:

Слични Објави