Испратено БАРАЊЕ за укинување на маски во училиштата! ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ! [превземено]

Сподели го ова преку:


Арената Борис Трајковски вчера ечеше и грмеше од музика, преполна со народ желен за дружба и добра забава до раните утрински часови, како на времето пред две години кога водевме речиси „нормален“ живот. Се е тоа во ред и ние ги разбираме тие луѓе кои сакаат да се вратат на животот полн со пријатели и луди излегувања, затоа и повеќето од нив се имаат и вакцинирано, затоа што за влез во таа преполна сала секако морате да покажете доказ за примени 2 дози! На крајот на краиштата, секој одговара за себе и своето здравје.

Но од друга страна ги имаме децата кои како најголема жртва на ова општество и на овие мерки кои се крајно нејасни, неиздржани и дискриминаторски, сеуште одат на училиште со маски! Ееееј на физичко вежбаат со маски, ако ви се верува! Но крајно време е да го сопреме тоа лудило! Затоа ве повикуваме вас драги читатели, да ни се приклучите на иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата“!



Кликнете тука за да ве однесе на групата! Дајте да го направиме тоа што одамна требаше да го направиме, додека не е прекасно!

ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ и поканете ги своите роднини, пријатели, сите свои познаници и добронамерници! Засега сме САМО околу 1000 членови, а целта е најмалку 100.000 члена!!! Затоа да се избориме заедно за нашите основни права и слободи! За правата на нашите најмали и најмили! 

Првиот чекор е направен. Испратено е барање до институциите кои се надлежни за тоа, а вака изгледа истото:

Барање за укинување на задолжителното носење маска во основните и средните училишта

Дајте да се ОБЕДИНИМЕ! За нашите деца! СПЛОТЕНИ за иднината на Македонија!

Текстот е превземен од ukabuka.mk, со дозвола.
Оригиналната објава од Ukabuka може да ја погледнете со клик на овој текст.

Можеби ќе Ве интересира и:
Еве што кажаа родителите кои се ПРОТИВ иницијативата за НЕзадолжително носење маски во училиштата
(овој линк ќе Ве пренасочи на сајтот на ukabuka.mk)



Сподели го ова преку:

Слични Објави