ТЕЛМА: НОРАД со сателити го „следи“ патувањето на Дедо Мраз – и после ние сме неозбилни?
Секако дека сме возбудени за доаѓањето на Нова година и Дедо Мраз. Секако дека сме неозбилни, ама се изненадивме од тоа дека повремено, наоѓаме понеозбилни од нас, кои нај-озбилно пренесуваат неозбилни вести, како на пример во овој случај – Телма 🙂
Уште поимпресивен момент е тоа што Телма е најмалку наш директен конкурнет во полето на неозбилноста, туку тие само се надоврзале на уште понеозбилни извори кои би требало да ги сметаме за озбилни.
На пример, Престон Шлахтер официјално дал изјава за „следењето“ на Дедо Мраз
И тоа е само дел, бидејќи НОРАД направиле цело видео со подетално објаснување за тоа како се одвива целиот процес, а во целата приказна се приклучиле и американскиот претседател заедно со неговата сопруга.
Какви глупости прочитавме, тоа не е можно! Добро, навистина ли мислат дека ќе веруваме во ова? Па ние одамна знаеме дека Дедо Мраз користи специјална технологија и едноставно не е можно да е следен со ниту една досега позната технологија за човештвото, а неговата санка е едноставно пребрза, за да може да биде следена од било каков авион, па дури и ако тоа е борбен пресретнувач. Каков НОРАД?
Освен тоа, ние лично се познаваме со Дедо Мраз. Тој лично нѝ потврди дека сето ова се глупости и нѝ испрати селфи! Рече дека оваа година немало многу работа, па ако досега не сте добиле подарок, не се надевајте. Дури и ако добиете нешто, некој ве лаже, нема да е од него, оти тој веќе ги поделил подароците за оваа година. Тој брзо си завршил работа, бидејќи скоро сите сме биле лоши, па моментално се одмора во неговиот дом во Лапонија со чаша старо Ирско виски и добра Кубанска пура!
Целата вест која ја критикуваме, на овој линк
Фото hue12 photography на Unsplash