2037: Последниот Македонец во Македонија
2037-ма година
Последниот Македонец ја напушта Македонија и пристигнува во Австрија.
Таму го пречекува локалната Австриска дијаспора. Директен пренос на YouTube, целата Македонска дијаспора го следи настанот во живо, видеото има над 24 милиони прегледи од сите страни на планетата и неколку стотини илјади од дијаспората на Марс…
Македонецот излегува од авионот, а до него дотрчува претседателот на Австриската дијаспора и веднаш го поздравува:
-Добредојде брате. Дали го исполни аманетот?
-Не – ладно одговара новодојденецот.
-Ама зошто?! Нели аманетот беше јасно кажан – последниот да го изгасни светлото.
-Знам… Ама, намерно не го изгаснав. Баш да видам сега кој ќе им ја плати сметката.