КАРНЕВАЛ ПРОЧКА 2023 – ПРИЛЕП

Сподели го ова преку:

Вчера (26.02.2023) во Прилеп се одржа 21-иот по ред карневал ПРОЧКА.

На карневалот продефилираа 20 пријавени учесници, а беа доделени и 5 награди.

Награда за Поединечна маска

Наградата за Поединечна маска е доделена на Мила З. Спиркоска, 11 годишна ученичка во 5-то одделение, во ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп. Нејзиниот костим – Лизи, е изработен по нејзина идеја и според нејзини цртежи. Претставува хибрид, во главно помеѓу волк и ајкула, со помали детали од лисица, срцевиден нос и крилја. Лизи ги комбинира позитивните карактеристики на животните, со срцевидниот нос може да намириса љубов, а крилјата ѝ даваат слобода и можност да владее на земјата, водата и во воздухот.

Мила во слободно време се занимава со различни видови на уметност, а има и свој канал на YouTube, на кој веќе е поставено и видео од нејзиното дефиле на карневалот Прочка 2023 во Прилеп. За нејзиниот костим веќе пишуваат и Прилепските информативни портали, како и повеќе национални информативни веб сајтови, почнувајќи од Македонската Информативна Агенција – МИА.

Погледнете го дефилето на Мила со костимот Лизи

*видеото од YouTube каналот на Мила

Дефиле – Мила со костимот Лизи – Прочка 2023

*видеото од официјалната снимка на карневалот

Дефиле – Мила со костимот Лизи – Прочка 2023 (официјална снимка)

Гран при награда

Гран при наградата сосема заслужено отиде во рацете на ООУ „Блаже Конески“ за нивната групна маска – Флинтстонови. Учениците самостојно ја изработиле групната маска и одлично ја пренесоа забавата на познатиот игран филм и цртан серијал.

Дефиле на ООУ Блаже Конески – Каменковци – Прочка 2023

1-во место за групна маска

Првото место за групна маска е доделена на Адамс Фемили – ООУ „Добре Јованоски“. Учениците автентично ја претставија популарната серија „Семејството Адамс“, која во последно време повторно стекна популарност со серијалот „Среда“ (Wednesday) како центар на случувањата.

Дефиле на ООУ Добре Јованоски – Семејството Адамс – Прочка 2023

2-ро место за групна маска

ООУ „Гоце Делчев“ се добитници на второто место на овогодинешниот карневал Прочка 2023, со групната маска „Срцето на градот“, која го претставуваше Прилепскиот градски саат.

Дефиле на ООУ Гоце Делчев – Срцето на градот – Прочка 2023

3-то место за групна маска

Третото место за групна маска замина кај ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ за групната маска насловена како „Хакуна Матата“, што во (слободен) превод од јазикот Свахили значи „Без грижи“. Пораката која ја носи маската Хакуна Матата е ослободување на децата од Кенија од стегите на големите корпорации на белиот човек. Нивната борба започнува тука и заедно со децата од Македонија на нивна страна.

Дефиле на ООУ Кире Гаврилоски – Јане – Хакуна Матата – Прочка 2023

Фестивалот традиционално, официјално го отвори Прилепскиот градски татко – Борче Јовчески, во придружба на членови на општината и градскиот совет.

Жири комисијата за овогодинешниот карневал „Прочка 2023“ беше во состав на: Александар Цветкоски, Кире Миладиноски и Тони Чатлески.

Погледнете ја целата галерија од фотографии на официјалниот веб сајт на Карневалот Прочка, со клик на овој линк.

Галеријата со маски – сурати, можете да ја погледнете на официјалниот веб сајт на карневалот, со клик на овој линк.

Официјалниот список на наградени маски, погледнете го со клик на овој линк.

Официјалниот список на наградени маски – сурати, погледнете го на овој линк.

Карневал ПРОЧКА 2023 – Прилеп – официјално видео

Карневал Прочка 2023 – Прилеп – официјално видео

Објавените фотографии на оваа страна се авторско дело на БИТ КРАФТ, за НЕОЗБИЛНО. Истите може да се превземаат, употребуваат и ре-објавуваат од други електронски или печатени медиуми, но со јасна назнака дека истите се превземени од порталот НЕОЗБИЛНО (електронските медиуми треба да постават и линк до оваа објава). На барање, може да Ви доставиме и повеќе фотографии кои не се претходно објавени, а истите можете да ги објавите под погоре наведените услови.

Сподели го ова преку:

Слични Објави