|

Рестрикција на тоалетната хартија од следната недела- предложи кризниот штаб при владата

Сподели го ова преку:


Последната новост до која ексклузивно дојде новинарско-истражувачкиот тим на НЕОЗБИЛНО воопшто не е убава. Имено, кризниот штаб на владата размислува за воведување на рестрикција на тоалетната хартија почнувајќи од следната недела.

Експертите предлагаат да се ограничи секое семејство на максимум две клопчиња тоалетна хартија неделно. Полицијата ќе има дозвола да влезе во вашиот тоалет и да ја означи тоалетната хартија, како и да го пломбира држачот за тоалетна хартија доколку процени дека можна е употреба да повеќе од две клопчиња тоалетна хартија.



Кога прашавме како влијае тоалетната хартија врз кризата, нѝ беше кажано дека за нејзиното производство се троши многу енергија. Потребно е гориво за транспорт на репро-материјалот, потоа електрична енергија за да се произведи хартијата и најпосле повторно гориво, за готовиот производ да се дистрибуира до малопродажните објекти.

Сметаат дека ова, дополнително, позитивно ќе влијае и на зачувување на шумите, поради намалената потреба од репро-материјали за производство на тоалетна хартија.

Од кризниот штаб препорачуваат да се прескокнува секое второ одење по голема нужда, како и тоа да не се употребува по повеќе од едно ливче од тоалетната хартија според тоа како таа е перфорирана. При едно одење по голема нужда, велат дека треба да се планирада се употребат само 3 ливчиња од тоалетната хартија, а таа цифра во никој случај не смее да премине 5 парчиња. Дополнително, препорачуваат повеќе да се внимава на исхраната, како не би се предизвикале стомачни тегоби кои би можеле да предизвикаат многу мека столица, а со тоа да се троши и повеќе хартија.

Еден од членовите на кризниот штаб изјави:

Ете, јас баш вчера го разработував мојот личен буџет за следниот месец. И дојдов до заклучок дека ако не купувам храна, нема да ми треба ни тоалетна хартија…Член на кризниот штаб

Е па, нека нѝ е со среќа…

КРОМИД ВЕСТИзмислена новинарска приказна која има за цел да ја насмее публиката



Сподели го ова преку:

Слични Објави