Лекарска навигација
Додека гинекологот прегледува пациентка, забрзано влегува очниот лекар во амбулантата и веднаш прашува:
-Колега, ти од каде ги купи тогаш тие деловите за Фиатот?
-Вака… Се сеќаваш кај застанавме пред некој ден на булеварот? Тука вртиш десно и продолжуваш околу 300 метри до фонтаната. Ја заобиколуваш фонтаната и тука е првата продавница лево.
Во тој момент од гинеколошкиот стол се слуша силна воздишка.
-Госпоѓице, да не ви се слоши?!
-Не докторе, добра сум. Ама, ќе може ли да ја заобиколите фонтаната барем уште еднаш?