|

Зајакот со тетратката

Сподели го ова преку:

Се шетал зајакот со една тетратка под мишка.
Поминувајќи низ полето, се сретнале со магарето.

-Здраво зајко. Кај шеташ со таа тетраката под мишка? Што запишуваш?

-Здраво магаре. Тетратката ми е за евиденција. Сите што ги „сработувам“, ги запишувам в тетратка.
А зошто, ти немаш ли таква тетратка?



-Не бе зајко, немам потреба од такво нешто.

-Значи, не „работиш“ многу, а?

-Не бе зајко, не е тоа. Нема потреба да ги запишувам, мене ме памтат.

С.Ј.

5/5 - (1 vote)



Сподели го ова преку:

Слични Објави