ВИЦ: ВЕШТ ПРОДАВАЧ
Менаџерот:
– Колку продажби направи денес?
– Пааа… една.
– Една?!? Обично продавачите прават по 20-30 дневно. Добро, а за колкава сума?
– За 115.237 евра.
– Што?! За 115.237 евра?! Што продаде?
– Па дојде еден човек и јас му продадов кука за риба. Му раскажав како минатиот викенд ми се скрши старата прачка за риболов затоа што ми загриза голема риба, па одлучи да купи и нова прачка. Го прашав каде планира да оди на риболов, а тој рече „надолу по брегот“. Кога го прашав со каков чамец оди на риболов, сфати дека има мал и нестабилен чамец, па додека разговаравме го одведов на долниот кат и му го покажав моделот на Haines Hunter со двата мотора. Одлучи да го купи, но спомна дека неговата Хонда Сивик едвај ќе може да го влече овој брод, па го однесов кај автомобилите и му продадов еден Паџеро 4х4 за да нема проблем со тоа.
Менаџерот апсолутно запрепастен од продавачките вештини на новиот продавач, едвај нашол сили во себе да го праша:
– Добро, ми велиш дека човекот дошол да си купи кука за риба, а ти си му продал моторен чамец и автомобил?
– Не, не. Тој всушност дојде да купи тампони за неговата сопруга на која ѝ почнал циклусот. Му спомнав дека поради тоа викендот би му бил заебан, но сепак, барем раат може да отиде на риболов.