НЕСЛАВНИОТ КРАЈ НА НАЈБРЗИТЕ ПАТНИЧКИ АВИОНИ

Сподели го ова преку:


Во 60-тите и 70-тите години на минатиот век се водела битка за престиж на најбрз комерцијален (патнички) лет помеѓу 2 авио-компании, едната руска, другата француска.

Рускиот дизајнер на летала Андреј Николаевич Туполев е човекот кој прв успеа да го пробие звучниот ѕид со патнички авион, имено својот ТУ-144 (Туполев-144) е дизајниран за суперсоничен транспорт а воедно е и патнички авион. Туполев ќе го доживее пробниот лет на своето ремек дело, но починува во 1972, па неговото место на главен дизајнер го превзема неговиот син Алексеј за понатамошно развивање.
Компанијата ОКБ Туполев работела на подобрување на дизајнот на ТУ-125 и ТУ-135 за да добијат преформанси со кои би постигнале брзина 2 пати поголема од брзината на звукот (Брзината звукот е 343метри во секунда или 1235км на час). Проблематиката не е само во подобрување на јачината и брзината на моторот, туку и аеродинамиката, заштитата од сончеви зраци на висина од 16-20км над површината, климатизација на просторот со патници, звучна изолација за бучавоста итн. Првиот прототип полетал на 31 декември 1968 година, два месеци пред неговиот конкурент, а веќе неколку месеци подоцна почнуваат редовни летови на релација Москва-Алма-ала (Русија-Казакстан).

566221 01.02.1969 Сверхзвуковой пассажирский самолет ТУ-144. Лев Поликашин/РИА Новости

Во Мај 1970 година станува првиот патнички авион со брзина над 2 Маха.
(Мах е единица мерка за брзина на суперсонични летала и претставува количник од брзината на леталото и брзината на звукот. )
Рејтингот и довербата во Туполев драстично опаѓа после двете авионски несреќи.
Првата е во Париз во 1973 на Париското авио Шоу кога при изведување на маневри се срушил пред публика од 250,000 луѓе. Русите тврделе дека на траекторијата имало друг авион Француски Мираж кој му го попречил патот и ја предизвикал несреќата. Французите најпрво негирале, но потоа потврдиле дека навистина имало друг авион.
Втората несреќа се случила во Јегорјевск во Мај 1978, на 120км јужно од Москва поради проблем со системот за горивото.
Со ова завршува неговата улога како патнички авион, но останува да се користи како брз карго превоз до откажувањето на програмата Туполев во 1983г и престанок на неговото производство. Русите го користат како пробно летало за обуки на космонаутите а на барање на НАСА доставено им било едно летало за пробни летови. Последниот лет Туполев 144 го има во Јуни 1999г кога е целосно откажан заради трошоците за одржување и цената на горивото. Ту-144 бил произведен во вкупно 17 примероци, од кои два прототипови: еден за статички тестови во воздушен тунел, а другиот за тестови во лет. Сите преостанати примероци се подарени за изложба ширум светот или се чуваат складирани во хангари.



Вториот конкурент во битката за супер брзина е Француско-Англискиот Конкорд кој се појавува на сцената пар месеци после рускиот Туполев. Предноста кај овој авион е што постигнува брзина од 2,2 Маха и е многу подобар во звучната изолација од неговиот конкурент. Имал редовни летови од Англија и Франција кон Њујорк и Барбадос со цени 30 пати повисоки од нормалните цени за овие дестинации, а пристигнувал за пола време од тогашните патнички авиони. Во служба на патнички авион е вкупно 31 година, се додека не се случила единствената катастрофална авионска незгода во Јули 2000г кога набрзо по полетувањето авионот се запалил и паднал во еден хотел близу Париз. Сите патници, екипажот на авионот, па дури и 4 гости во хотелот биле жртви на оваа несреќа (вкупно 113). Ова ќе биде последниот лет за сите Конкорди.
Една година после несреќата постоел план за реактивација на Конкорд летовите, но следи несреќата со терористичките напади во Њујорк на 11 Септември и планот се одложил. Конечно во 2003 целосно се напушта проектот за Конкорд и сите летала се ставени за музејски изложби.



Изработени се вкупно 20 летала, сите поекономични во трошење гориво во однос на Туполев. Маана кај ова летало е што при големи брзини, струењето на воздухот го загрева трупот на авионот, а носот на 127°С. Според некои статистики, Конкорд имал драстично помалку дефекти на било кој систем, но сепак ја загубил довербата само со еден катастрофален лет.
Денес во Музејот за Технологија во Синшејм, Германија се наоѓаат по еден примерок од Конкорд и Туполев еден до друг, и никаде на друго место во светот тие не се изложени заедно. Тука се за да се сеќаваме дека некогаш и обичниот човек можел да патува со брзина поголема од брзината на звукот.



Сподели го ова преку:

Слични Објави