35 урнебесни ситуации кои ако не беа фотографирани, не би верувале дека се имаат случено
Понекогаш може да си на вистинско место, во вистинско време пред вистинста урнебесна ситуација. Ако се сетиш и да ја фотографираш ситуацијата, имаш полн урнебесен погодок. Овде, објавуваме една колекција на фотографии од токму такви урнебесни ситуации, фотографирани во вистинското време и на вистинското место.
Секоја планина – своја тежина
Типов кога легнал да се сонча на плажа, веројатно немал поим дека планината зад него изгледа како да е негова силуета. Сигурно многу се изненадил подоцна, кога ја видел фотографијата.
Сите сакаат сладолед
Тинејџеров си носи маица со ликот на некој од музичарите кои ги слуша. Ама седнал на соодветно столче во училницата за целата слика да се комплетира соодветно на реклама за сладолед.
Сурово реално
Понекогаш се фотографираш, но фотографијата ја покажува реалноста, наместо она што ти е тебе во план.
Соодветно облечен
Универзитетот за уметност во Чикаго, организирал ден во кој студентите ќе можат да одат облечени соодветно на нивната омилена слика. Е па, дечково веројатно избрал полесен начин, кој едноставно се нарекува – едноставност.
Истоветност
Кога веќе сме кај облека и едноставност, зошто да се мачиш и да одбираш што да купиш во бутик, кога моделот на рекламната фотографија на самиот излог изгледа одлично. Овој дечко одлучил да го направи токму тоа – наместо да избира што да купи, едноставно си купил тоа што проверено изгледа добро.
Па, да бидеме реални. Позади рекламата сигурно стојат дизајнери, фотографи, модни уметници. Сигурно ред професионалци не го оставиле моделот да се облече како сака, туку осмислиле која комбинација би била најдобра и најпретставителна, нели?
Кога сакаш нешто да скриеш, најдоброто место е пред очите на сите
Па добро, можеби едноставно репортерот изгледа многу слично на ограбувачот кој го бара полицијата. Можеби пак ограбувачот намерно се погрижил да изгледа исто како репортерот, за да ја збуни полицијата… Како и да е, овде изгледа како самиот ограбувач да прави репортажа во која се бара токму тој.
Трагична грешка
Овој пар купиле весник на денот на својата венчавка, за подобро да го овековечат денот. Сепак, изгледа не го разбрале добро предупредувањето на ударниот наслов во весникот – ТРАГИЧНА ГРЕШКА …и сепак се венчале.
…и после, Цацко ќе им биде виновен.
Мачмало
…или – кога мачмалото изгледа исто како главата на оној пред тебе.
Камуфлажа
Камуфлажата е многу нормален инстинкт кај животните, ама овде или мачево малку ја претерало, или неговиот сопственик лошо го уредил ентериерот. Како и да е, веројатно во овој дом често се слуша болно мјаукање поради згазната опашка.
Што те интересира?
Нели е интересно ако додека во природа читаш за одреден вид птица, истата ти долета на рака? Нели делува како да ти вели – Еве сум, што те интересира за мене?
Чекај, немав пиено!
Можеби се близнаци кои седнале одделно во автобусот. Можеби не се, ама ете – коинциденција. Во секој случај, просто за момент да си помислиш дека ти е од алкохолот, за веднаш потоа да се сетиш дека одамна немаш пиено алкохол.
Практична камуфлажа
Кога возачите не внимаваат на пешаци, но многу добро внимаваат на сообраќајните конуси, за да не си го оштетат автомобилот – најбезбедно е да си сообраќаен конус.
Од некаде како да си ми познат
Или, она кога пред тебе седи човекот кој го даваат на телевизија.
Кога фризерот знае да прави само една фризура
Многу е важно при изборот на фризер, да се осигураш дека знае да прави различни фризури. Во спротивно сите ќе знаат дека имаш ист фризер како и палмата зад тебе.
Дефинитивно не памтам дека имам пиено
Ако на претходната ситуација од двојно гледање во јавен превоз брзо можеш да се сетиш дека немаш пиено, тогаш во оваа ситуација веќе ќе се посомневаш во својата меморија – дефинитивно имаш испиено толку многу, што дури имаш и заборавено за тоа.
Super Mario Bros
Сте играле Super Mario Bros? Е па, браќата отвориле свои ресторани, па сега можете и да ручате кај нив.
Успешна реклама
Поплавата обично ги расипува рекламите, ама оваа манекенка е облечена за успех. Посебно за во случај на поплава.
Правилна употреба на книгата
Кога книгата се вика „Книга за гмечење“ – нема потреба да се чита. Едноставно ја користиш за она за што е наменета.
Си ја бараш бељата?
Кога некој до тебе чита весник на кој ударна вест е „Загинала бидејќи си ги грицкала ноктите“, а ти за тоа време си ги грицкаш ноктите – дефинитивно си ја бараш бељата.
Прашање кое ме мачи
Дали сопственикот ја нарачал оваа табличка поради навиките на неговото куче, или кучето едноставно сака да изгледа соодветно додека се вози во овој автомобил?
Како секоја вечер месечината се појавува на небесниот свод?
Ја монтираат со кран, ете како.
Паѓа
Кога патоказот за „Паѓа“ е буквалист.
Невидливи влечки
На менаџментот никако не му било јасно зошто овој модел многу слабо се продава. Секако, дошле до заклучок дека треба да ги сменат полиците за изложување на робата.
Соодветно работно место
Една од најважните работи во животот, е да си ја најдеш работата од своите соништа. Колку и да звучи нереално, некои успеваат во тоа. Еве на пример, овој Вампир се вработил во службата за крв во Австралискиот Црвен Крст.
Уште една досетка на менаџментот
Бебешки потреби
Пива и Вина
Карма
Кармата е понекогаш многу брза.
Безбедноста на прво место
Кога местиш некој напис, секогаш потруди се да се однесуваш максимално спротивно на тоа што го кажува самиот напис.
Тејлор Свифт
Другарите до ден денес не ми веруваат дека еднаш Тејлор Свифт беше пред мене додека возев по автопат.
Насилство на ТВ
Не ги оставајте домашните миленици да гледаат насилни емисии на ТВ, оти тоа што гледаат, тоа и прават.
Лоша реклама
Најлош кошмар за секој јасновидец со ТВ емисија, е да му ја откажат емисијата поради непредвидени околности.
Дали сакаат да предупредат за нешто, или само се духовити?
Кога библиотеката ги реди на истите рафтови книгите за брак и книгите за ропство, не можеш да не помислиш дали само сакале да бидат духовити, или пробуваат да те предупредат за нешто.
Па ние одамна сме се сретнале
Откако еден кинески пар се венчале, ги разгледувале фотографиите од периодот пред да се венчаат. Дошле до заклучок дека многу одамна, тие во исто време посетиле ист споменик и истовремено се фотографирале. Ова многу лесно го сфатиле, затоа што младоженецот всушност се појавува на фотографијата на неговата невеста, фотографирана долго пред воопшто да се запознаат.
Ѕе! Те гледам!
Кога на табличката на едниот автомобил пред тебе пишува „Ѕе!“, а на табличката на автомобилот до него пишува „Те гледам!“… Ете, тоа е навистина урнебесна и несекојдневна ситуација.
Исти вкусови
Во оваа зграда живеат луѓе со исти вкусови. Сите живеат во жолта зграда и возат иста марка и модел на жолт автомобил.
Има и многу среќни ситуации
Среќни се сопствениците на автомобилите, среќни се осигурителните компании, сите се среќни.
…и тука ќе ги завршиме овие урнебесни ситуации. Мора да оставиме материјал и за друг пат, нели? 🙂
Ако ви се допаднаа овие ситуации, а секако дека ви се допаднаа кога сте стигнале дури до овде и го читате ова, тогаш вистински момент е да ја споделите статијава со вашите пријатели на некоја од социјалните мрежи. Не се секирајте, ставивме и копчиња под текстов за тоа лесно да го направите 🙂
И не заборавајте, присутни сме и на Фејсбук, па не е лоша идеја да ги заследите нашите ФБ страна и ФБ група кои нѝ се основниот контакт со публиката. Пишете нѝ, не се срамете 🙂