ИМПРЕСИВНО: 14 ПОПУЛАРНИ ПЕСНИ, ИЗВЕДЕНИ НА АЗЕРБЕЈЏАНСКИ ТРАДИЦИОНАЛНИ ИНСТРУМЕНТИ – ВРВ

Сподели го ова преку:


Сигурно сите ги знаеме песните Hit The Road Jack, They Don’t Care About Us, We Will Rock You, Not Gonna Get Us, Englishman In New York… Едноставно се песни кои не само што го означиле своето време и не само што се евергрини, туку станале своевидна симболика на човештвото и неговото музицирање. На пример, веројатно не постои генерација која барем еднаш, буквално не го тресела училиштето доведувајќи ја зградата до опасност од распаѓање, тропајќи го ритамот на We will rock you врз подот и клупите. Тоа е практично Атест кој барем еднаш годишно, мора да ѝ се направи на секоја училишна зграда 🙂

Оркестарот Бизимкилер од Азербејџан, ги крева ваквите песни на едно ново ниво. Ги изведуваат со Азербејџански традиционални инструменти. Колку лудо и да изгледа ова, звучи одлично и повеќе од очигледно е дека се работи за одлично синхронизиран оркестар од врвни професионалци.



Штом еднаш ќе го видите ова, нема назад (или што би се рекло по модерно: Once you see it, you can not un-see it)

Па, сакавме да ја споделиме оваа импресивна плеј-листа со вас. Во плеј-листата има 17 видеа, но 3 од нив се всушност дупликати. Уживајте!

Бизимкилер – Азербејџан

…и не заборавајте да го споделите ова со вашите пријатели на социјалните мрежи. Ако не поради убавите жени кои се појавуваат во видеата, тогаш барем поради музиката 😉



Сподели го ова преку:

Слични Објави