Топ 10 најгрди животни во светот !!!

Сподели го ова преку:


10. Безкрилен бумбар кој собира измет (анг.-Flightless dung beetle, лат.-Circellium bacchus).
Можеби е гадна навика да се храни и да собира измет, но тоа го прави одејќи наназад и ориентирајќи се по ѕвездите. Не е убаво да те бива за астрономија а сепак да јадеш гомна.

Circellium bacchus

9. Рибата Монах (анг. MonkFish, лат.-Lophius) која живее во скоро сите делови од Атлантскиот океан.
Се карактеризира со сплоснато тело, огромна уста, перки како на фока и ресички кои ја камуфлираат на океанското дно. На главата има мамец со кој ги намамува потенцијалните жртви.



Lophius

8. Ај-ај (анг. Aye-aye, лат.-Daubentonia madagascariensis) е еден вид на лемур со истакнато долг среден прст кој живее само во Мадагаскар.
Видот е пред истребување, а претставува најголемиот ноќен цицач. Според неговата „УБАВИНА“, не е ни чудно што излегува само ноќе.

Daubentonia madagascariensis

7. Желката со змиски врат (анг.-snake-necked turtle, лат.-Chelodina mccordi) која живее на островот Роти во Индонезија.
Нејзиниот врат има должина колку и нејзиниот оклоп. Таа исто така припаѓа во групата на загрозен вид.

Chelodina mccordi

6. Голиот крт-стаорец (анг.-Naked mole-rat,лат.-Heterocephalus glaber) се карактеризира со тоа што е вечен нудист во Африка. Живее во групи од по една дузина а која е предводена од една главна женка. Само таа смее да се пари во групата.

Heterocephalus glaber

5. Рибата Хагот (анг.-Hagfish, лат.-Myxini) е долгманеста риба слична на јагулата. Нејзина карактеристика, освен „убавината“ секако, е тоа што е премногу лигава. Исто така е единственото живо суштество кое има череп, но е не и р’бет.

Myxini

4. Калифорниски Кондор (анг.- California condor, лат.- Gymnogyps californianus). Се претпоставувало дека е изумрен во 1987 година кога последните 8 птици биле заробени заради размножување, но сепак не било така. Оваа Северно-американска мршојадна грдосија со распон на крила од 3 метри и тежина од 12 килограми, повторно се појавила во одредени планински подрачја и сега нивниот број е околу 500 живи единки. Ставена е на листата на екстремно загрозени животни.

Gymnogyps californianus

3. Носест мајмун (анг.-Proboscis monkey, лат.-Nasalis larvatus) е нареден на листата. Неговиот прилично светол тен на крзното и екстремно големиот нос го прават уникатен. Да не беше носот на средина на лицето, ќе го згрешевме за друго нешто. Живее во источна Азија, најзастапен е во Борнео.

Nasalis larvatus

2. Кинескиот гигантски Саламандер ( анг.-Chinese giant salamander, лат. –Andrias davidianus) е водоземец кој диши преку кожата. Со својата должина од 1.5 метар и својата тежина до 30 килограми, тој е еден од најголемите водоземци.

Andrias davidianus
  1. Рибата Балон (анг.- blobfish, лат.- Psychrolutes marcidus) е прогласена за најгрдото животно на планетата досега.
    Нејзината структура е кашеста, лигава и во вид на топка. Тоа е така затоа што живее во длабочини од 1-2 километри под површината, а таму притисокот е 120 пати поголем во однос на атмосферскиот притисок. Нема коски, нема кеси за задржување на кислородот, нема пигментација. Рибата повремено се фаќа во рибарските мрежи, инаку не е познато дали некој пробал да ја зготви.
Psychrolutes marcidus


Сподели го ова преку:

Слични Објави