ОГРАБЕНА БЕНЗИНСКА ПУМПА РАНО ПОПЛАДНЕВО

Сподели го ова преку:


НЕОЗБИЛНО дознава – рано попладнево, околу 12:46 ограбена е бензинска пумпа.

Апашите најпрво наточиле гориво и влегле во бензинската за да платат. Откако вработената наплатила и им ја дала фискалната сметка, тие си нарачале и кафе, за кое исто така си платиле, а потоа седнале да го пијат на летната тераса на бензинската пумпа, најверојатно чекајќи погоден момент за да го извршат грабежот.



Во момент кој го процениле за погоден, повторно влегле во бензинската пумпа и под закана со огнено оружје, побарале вработената да им ги даде сите сите фискални сметки кои биле фрлени во ѓубрето, а нивните вистински сопственици не си ги подигнале. Сметките набрзина ги ставиле во био-разградлива кеса и со голема брзина ја напуштиле бензинската пумпа.

Не е причинета никаква друга материјална ниту финансиска штета, освен стресот предизвикан кај вработената во бензинската пумпа.

МВР интензивно трага по сторителите, а за нашите новинари изјавија дека ова не е прв ваков случај. Имале сознанија дека ова не е прв случај на грабеж на фискални сметки. Обично ваквите грабежи, освен на бензински пумпи, се случувале и во супермаркети, но најчесто останувале непријавени, бидејќи ограбувачите обично не прават никаква материјална или финансиска штета, освен што предизвикуваат моментален страв кај вработените, кои од друга страна иако во моментот исплашени, подоцна се смееле на ситуацијата.

Дали во Македонија се развива нова криминална гранка – скенирачи на фискални сметки? Кои се овие криминални групи? Одговорите на овие прашања останува да ги дознаеме во иднина.

КРОМИД ВЕСТ – Хумористична и/или сатирична содржина составена во форма на вест



Сподели го ова преку:

Слични Објави