По повод 20 мај – светскиот ден на пчелата

Сподели го ова преку:


20 Мај – Светски ден на Пчелата!

Пчелките имаат пет очи, шест нозе и два пара крилја. Тие мавтаат со крилјата 200 пати во секунда.



Медот кој го создаваат овие интелигентни и вредни пчели има сличен состав на антиоксиданси здрави за срцето како и спанаќот.

Во Египетските пирамиди пронајден бил Мед од пред 3000 години кој што бил во саќе и не бил расипан.

Совршенството на сликата е природно создадено кога пчеларот заборавил да стави рамки во кошницата и пчелите си изградиле саќе сами водејќи сметка и за вентилацијата.

Поради прекумерната употреба на инсектициди и пестициди, посебно во земјоделството, вклучувајќи ги и климатските промени, бројот на пчели драстично е намален…

Како да им помогнеме!?

  • Засадете дрво, цвеќиња или голема градина
  • Избегнувајте употреба на штетни пестициди
  • Не ги оставајте жедни оставете им на отворено плитка чинија со чиста вода и неколку камчиња каде ќе се освежат и одмараат
  • Поддржете локален пчелар со помош за материјали или едноставно купувајќи ги неговите производи

„Ако Пчелите исчезнат од лицето на Земјата, Човекот како вид нема да има повеќе од четири години живот“Алберт Ајнштајн

Текстот е во целост превземен од јавен ФБ статус на А. Врвцоски



Сподели го ова преку:

Слични Објави