Најмалиот автомобил во светот – на дело!
Кој е најмалиот автомобил во светот? Во свет кој од ден во ден е повеќе и повеќе населен, сите бараат што помал автомобил. Но целата палета на мали градски возила, не нуди доволно мало возило. Барем не мали колку Peel P50, кој е најмалиот автомобил во светот кој било кога се произведувал, што е потврдено и од Гинисовата книга на рекорди.
Овој автомобил е 134 cm долг и 99 cm широк и 134 cm висок, а се произведувал во Isle of Man пред 60-ина години (од 1962 до 1965 година).
Со мотор од 49 cc и потрошувачка од околу 2,35 l/100 km звучи како многу прифатливо градско возило. Максималната брзина прилично зависи од тежината на возачот и како што вели Џереми, што сте јаделе пред да возите 🙂 но, дури и мал и слаб човек тешко би постигнал брзина над 55 km/h.
Доволно раскажавме, да го видиме на дело.