90 секунди со Петар Ачкоски – детето кое не сака грашок

Петар Ачкоски - Грашок
Сподели го ова преку:


Вчера е објавено видеото „90 секунди со Петар Ачкоски“, детето кое си има извиднички маки, детето кое не сака да јаде грашок, детето кое ѝ се лутеше на Снеже, детето кое вдахна позитивност во Македонија, во целава супер екстра продолжена, досадна и смачена на сите ситуација. Детето кое ние си го нарекуваме Петар Грашок, чисто за да му го поматиме пребарувањето на Google кога пребарувате „Петар Грашо“. Видеото е прва епизода од четвртата сезона на „90 секунди со…“, на каналот Steffonator, еден од најпознатите Македонски YouTube канали.

Не прашувајте зошто видеото е објавено вчера, а ние ја објавуваме статијава денес. Одговорот е едноставен – НЕОЗБИЛНО си ја бркаме работата – затоа. И запомнете го ова, што и да е, кај нас е НЕОЗБИЛНО, бидејќи животот е доволно полн со озбилности 🙂



Туку, да се вратиме на Петарче. Што можете да очекувате во видеото? Па се разбира, одговори на прашања.

Уживајте во следните 2 минути (од кои 90 секунди со Петар) 🙂



Сподели го ова преку:

Слични Објави