Шминка – на ново, досега невидено ниво
Мислите дека вашата девојка или сопруга малку претерува со шминката? Тогаш, видете го ова…
Мими Чој е уметник – шминкер, а нејзините дела оставаат без здив. Таа буквално ја заматува границата помеѓу реалноста и уметноста. Едноставно, не можете да бидете сигурни што е вистина, а што шминка.
Таа завршила училиште за уметничко шминкање во Канада во 2014та година и од тогаш успева да го привлече светското внимание со нејзините надреални дела. Секое нејзино дело значи часови работа, но навистина вреди секоја секунда од вложеното време.