|

10 000 евра плата

Сподели го ова преку:

Позната авиокомпанија објавува оглас за пилот.
На огласот се пријавуваат повеќе кандидати и почнува интервјуто.

Директорот прво го интервјуира Германецот:

– Колку време летате?



– Три години.

– А колкава плата барате?

– Три илјади евра. Илјада за мене, илјада за сопругата, илјада за осигурување…

Втор го прашува Англичанецот:

– Колку време летате?

– Шест години.

– А колкава плата би сакале?

– Шест илјади фунти. Две за мене, две за фамилијата, две за осигурување…

На ред доаѓа Македонецот:

– Вие, колку време летате?

– Кој јас? Јас немам врска од летање, а и се плашам од височина.
Сепак, сакам да земам 10 000 евра плата.

– Ама, како?!

– Па, три за мене, три за тебе…

– Ама остави тоа бре човеку, како ќе лета авионот?

– Како? Па ете, досега Германецот даде најдобра понуда, ќе го вработам него.
Ако некој побара помалку, ќе нѝ остане повеќе да делиме јас и ти!

Биди даскал, пиши нѝ петка:


Сподели го ова преку:

Слични Објави