|

Бојкот на маркетите: Како Македонците го преполовија прометот, но ја изгубија солидарноста

Сподели го ова преку:


На 31.01.2025, Македонија доживеа еден од најголемите бојкоти на маркетите во својата историја. Целта беше јасна: намалување на цените на основните производи за живот. И резултатот? Прометот на маркетите се преполовил! Но, дали тоа е вистински успех? Еве неколку занимливи аспекти на оваа приказна.

Преполовен промет: Дали тоа е успех?

Преполовен промет значи дека само половина од купувачите го почитувале бојкотот, а другата половина не го почитувале. Но, моментот, како тоа е успех? Непочитувачите на бојкотот се веројатно истите оние кои остануваа во училиште, кога класот одлучуваше групно да избега од часови. Но дури и тогаш, тоа не беа повеќе од 10% од учениците во класот. Изгледа со годините, кај Македонецот се намалуваат слогата и солидарноста.



Никој и никаде не спомнува дали претходниот ден, 30.01.2025, прометот бил покачен или удвоен. Дали следниот ден прометот бил нормален, намален или зголемен? Зошто никој не ги кажува тие информации, оти без нив, не можеме да имаме јасна слика за успешноста. Ако прометот бил 50% зголемен претходниот ден, тогаш бојкотот всушност немал никаков ефект.

Неукоста на народот

За време на организирањето, во текот, но и после бојкотот, народот ја истакна и својата неукост. Па наместо основни производи, почнаа да дискутираат за цени на кафето, тортите, рестораните… Па замешаа и енергенси (кои се всушност акцизна роба на која цената ја регулира владино тело) и сето целосно излезе од колосек.

Споредба со училиштето

Кога бегавме од училиште, бегаа поради солидарност дури и оние кои не се согласуваа дека треба да се избега од часови. Сега, пак, кога треба да се бојкотираат маркетите, половина од нас се преправаат дека немаат слушнато за бојкотот.

Зарем нема да дојде ден кога ќе имаме бојкот на бојкотите? Можеби треба да организираме бојкот на училиштата, за да видиме дали ќе се зголеми солидарноста. Ако половина од нас не го почитуваат бојкотот, можеби треба да организираме бојкот на бојкотите на маркетите.

Заклучок

Бојкотот на маркетите на 31.01.2025 можеби беше успешен во смисла на намалување на прометот (а можеби и не), но сигурно не беше успешен во смисла на солидарност. Можеби треба да се вратиме на старите времиња, кога солидарноста беше најважна. Додека чекаме на тоа, можеме барем да се насмееме на ситуацијата.



Сподели го ова преку:

Слични Објави