Годишнина од матура
Се собрало друштвото од средно, да договорат каде ќе слават 10 години матура. Еден од нив предложил:
-Да одиме „кај Перо”, има најзгодни келнерки.
После 20 години, се собрале пак и се договараат:
-Каде ќе одиме?
-„Кај Перо“, таму има најубава храна.
Дошла и 30-та годишнина од матурата:
-Каде ќе одиме?
-Одиме „кај Перо“, таму нѝ е најефтино.
Поминале уште десет години и истото друштво се спрема да прослави 40 години матура:
-Каде ќе одиме?
-Одиме „кај Перо“, таму има нова ПВЦ дограма, нема промаја.
И додека трепнеш, поминал половина век од матурата:
-Каде ќе одиме?
-Одиме „кај Перо“, таму храната е мека, а немаме баш многу заби.
Најпосле, малкуте останати, се собрале да се договорат за 60 годишнината од нивната матура:
-Каде ќе одиме?
-Одиме „кај Перо“.
Другите во еден глас одговориле:
-Стварно бе, таму никогаш не сме биле!!!
Фото: Luis Barreto од Pexels