ШОК: Полициски час во траење од 15 дена почнувајќи од утре
Штотуку дознавме дека на итна седница на владата, свикана вонредно доцна попладнево, е усвоен предлог за полициски час во траење од 15 дена, кој почнува од 17 часот утре попладне, до 7 часот наутро, секој ден.
Јавноста ја прими веста со голем шок и неверување.
Голем број граѓани веќе реагираа во нашата редакција.
„Имаме уплатено 7 влезници за дочек на новогидишната ноќ! Кој ќе не обесштети?!“ – вели Раде од Крива Паланка во допис до нашата редакција.
„Ние веќе имаме вложено поголем дел од уплатите за храна, музика и други трошоци околу организацијата. Како сега да ги обесштетиме нашите клиенти? Веројано ќе мора да го отпочнеме дочекот порано, да ги примиме гостите пред 17 часот и забавата да трае до 7 часот следното утро. Нема да нѝ остане ништо од очекуваната заработка, ама мора некако да им излеземе во пресрет на гостите кои веќе уплатија за дочек“ – вели еден угостител, во изјава на ФБ страната на неговиот ресторан.
Општ хаос владее во целата држава. Се откажуваат забави и дочеци на Нова Година. Граѓаните негодуваат. Останува да видиме што ќе се случи.
*среќа што оваа вест е во категоријата „Кромид“, нели?Кромид вести се хумористични текстови напишани во стил на вести. Секако дека се невистинити.