КОЛКУ СЕ ИНТЕЛИГЕНТНИ ВРАНИТЕ?

Сподели го ова преку:


Враните се паметни, игриви и друштвени птици. Иако често за нив се мисли дека се мршојадци, тие се снаодливи, имаат одлична меморија, а исто така користат и алатки. Враните спаѓаат во подредот птици-пејачки и кај нас се распространети со девет видови: лешникарка, сојка, страчка, гавран, полска врана, сива врана, чавка, црвеноклунеста галка и жолтоклунеста галка.

Пробајте да му објасните на некого како врана ви го открадила ручекот од раце, ќе помислат дека се шегувате.
Накитот, запалката, алуминиумска фолија, парчиња стакло или некој друг светликав предмет се секогаш примамливи за враните и тие ќе се обидат да ги грабнат и да ги однесат во своето гнездо.
Како социјални животни, тие живеат во поголеми групи и имаат развиено звуци за комуникација. Нивниот начин на комуникација е доволно сложен што имаат различни звуци за предупредување за опасност од мачки, соколи, луѓе итн.
Некои врани дури и се одлични имитатори на звуци од други животни или луѓе.



Враните во својата еволуција се развиле до одреден степен што често користат стапчиња за да извлечат храна од недостапни места. Тие исто така знаат на кој начин фукционира водата, користејќи го Архимедовиот закон, често дополнуваат конзерви со камчиња како би се поткренало нивото на водата, за да ја испијат.
Бидете љубезни со враните и давајте им храна и вода, а тие ќе ви вратат светликави поклони пред вашата врата. Можеби не се најубавите и најколоритните птици, но дефинитивно се најпаметните.

За крај, погледајте го следното видео, снимено од Би-би-си, за еден експеримент каде враната се сретнала со сите загатки поединечно претходно, но никогаш вака заедно. Би ја решиле ли вие оваа загатка со 8 нивоа ?!



Сподели го ова преку:

Слични Објави