Позитив на годината

Сподели го ова преку:


Kiff е тип кој зема некое видео или парче од видео од YouTube и околу него создава целосен аранжман, музика, а понекогаш и текст. Користи Yamaha MPK Mini midi клавијатура, ама тоа нам и не нѝ е толку важно. Важно нѝ е тоа дека создава прекрасна музика и јасно ја покажува позитивната страна на Интернетот, како и позитивната страна на човештвото воопшто.

Веројатно најдобриот пример за ова е Alugalug Cat, песна која ја објави во Мај 2021, а е базирана на едно маче кое се нервира кога човек пробува да го погали. Песната стана своевидна химна на човештвото, кога на неа се приклучија музичари од најразлични страни на светот, со своите инструменти. На крај, Kiff ги вклопува сите во едно видео, каде се создава светски оркестар од музичари кои ниту се познаваат меѓусебно, ниту некогаш комуницирале директно, но се вклопуваат во една композиција како заедно да вежбале и свиреле со години.



Едноставно, рај за очи и уши. Но, да не ја рашируваме повеќе приказнава. Повелете, уживајте во видеото и прекрасната музика:



Сподели го ова преку:

Слични Објави