Интервју со Игор Димовски – не смее да се пропушти

Игор Димовски
Сподели го ова преку:


Игор Димовки, или во Прилеп попознат како „Игор по математика, од Гимназија“ е професор по математика, кој веќе поодамна ја напушти професорската позиција во Прилепската Гимназија, но за денешните генерации, сеуште е професорот Игор.

Секој кој имал прилика да присуствува на час по математика кај него, па дури и ако Игор само го заменувал редовниот професор, сигурно ќе сака да го види ова интервју. Едноставно, не постои ученик во Прилеп кој имал чест да присуствува макар само на еден негов час, а да нема убаво и позитивно мислење за Игор, дури и ако воопшто не ја сака математиката. А за оние кои немале таква можност, тогаш ова е можноста да го запознаете. Подобра референца од досега кажаното, веројатно нема. Секако дека ова е интервју кое не би сакал никој да го пропушти.



Интервјуто е објавено денес, а е направено од YouTube подкастот „На гости кај ПрилеП4анец“. Кога веќе спомнавме, подкастот „На гости кај ПрилеП4анец“ е еден од поновите, би ги нарекле модерни културни настани, кој од неодамна се снима во Прилеп и со тоа освен што ѝ овозможува на Прилепската и светската публика да запознаат истакнати Прилепчани, едновремено е една од најдобрите позитиви кои му се случуваат на Прилеп во време кога искрено, се плашиме дали во Прилеп сеуште опстојува каква-таква култура и културни настани. Ако сеуште не сте се претплатиле на нивниот канал, бесплатно е, а вашата прилика чека на на овој линк 🙂

Да не должиме многу, повелете:



Сподели го ова преку:

Слични Објави