Сопругата на бугарскиот амбасадор, Билјана Ангелова со кампања против домашното насилство

Сподели го ова преку:


“Нема значење на кого ќе донирате, бидете добри и направете добро за некого тоа е најважното.” Ова во интервју за порталот „Трибуна“ го изјави Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Бугарија во РС Македонија и иницијатор на кампањата „Стоп за домашното насилство. Биди храбра!“ во соработка со Dobredojde Macedonia Welcome Center.
„На 12 декември во 12 часот, да се собереме сите ние плоштадот на Скопје и сите останати градоначалници, до кои ќе испратиме покани и ќе ја прифатат каузата и на плоштадите во нивните градови, да ги организираат граѓаните и да кажеме заедно „Стоп за домашното насилство. Биди храбра!“, вели во интервјуто за „Трибуна“ г-ѓа Ангелова.
Таа истакна уште дека, го одбрала слоганот „Биди храбра!“, бидејќи на жените жртви на семејно насилство им треба токму тоа храброст, да кажат гласно дека се жртви и да побараат помош.
„Зошто го одбрав слоганот „Биди храбра!“? Затоа што мислам дека тоа, најмногу им недостасува на жените жртви на домашно насилство. Да излезат и да кажат јас сум жртва имам потреба од помош, не знам што да правам“, вели Ангелова.
Во склоп на кампањата се отворени и броеви за донација. Корисниците на Телеком можат да донираат на 143-999, додека корисниците на А1 својата донација можат да ја направат на телефонскиот број 143-133.

Повеќе за кампањата на г-ѓа Билјана Ангелова погледнете во видеото што следи:



Бенефициенти на проектот „Стоп за домашното насилство. Биди храбра!“ се Организациja на жените во град Скопијe, Кризисен центар “Надеж”,One Can – Една Може.
Партнери на кампањата се: American University of Europe, Euroimpex, Samantha, Moonlight, Бугарски културно-информативен центар, Генерален конзулат на Република Бугарија во Битола, Амбасада на Република Бугарија во РС Македонија.

Медиумски покровители на кампањата против домашното насилство се: БТА, МИА, МРТВ, в-к Вечер, Clip Media Group, Reporter, Makfaks и порталот Трибуна.

Поддржувачи на кампањата се: Европски универзитет, ЕвроИнс, Андреј Kомпани, Драмски театар, здружение за проекти “Гладиус”, здружение “Фондација Единство” Кочани „Борка“, „Different“, „Љубов сме“, „Во Мојoт Свет“, Университетски стоматолошки клинички центар “Проф. д-р. Боjo Андрески” „Д-р Нина ординациja“, Вет Свет, „Хоризонт“, книжара „Икона“, градинка “Астибо” гр. Штип, Coffee Industry, р-т Кај Виктор, Fit In, Nefron, Countryside – терапија со животни, Хендикеп – група за поддршка, гр. Крива Паланка, Здружение на родителите на деца с ДЦП, гр. Скопјe, Саботно-неделно училиште “Здравей”, IPS, Izet Curi Paris – Fashion Institute

*Насловната фотогрфија е направена специјално за кампањата „Стоп за домашното насилство. Биди храбра!“. Благодарност до Бојан Ковски за професионалната шминка и до фотографката Маријана Тасевска.

Извор: Трибуна



Сподели го ова преку:

Слични Објави