Јована бара помош од сите нас, потребни ѝ се средства за лекувањето на нејзиното братче – Кристијан
Кристијан мора итно да оди на операција на главата во Турција, бидејќи е во животна опасност. Иако веќе има 17 години, Кристијан речиси и да немал детство, бидејќи наместо да игра со другарчиња, времето го поминувал во болници, борејќи се со својата здравствена состојба.
Уште пред речиси еден месец, неговата сестричка Јована побарала помош преку социјалните мрежи. Таа бара помош од сите нас за да ги соберат потребните 40 000 евра кои се потребни за операцијата на нејзиното братче.
За да донирате 100 денари, доволно е да го завртите бројот 143 136 ако сте на мрежата на Телеком, или 143 464 ако сте на мрежата на А1.
За донација, допрете го соодветниот број:
Телеком: 143 136
А1: 143 464
Може да се донира и од странство, на девизната сметка во НЛБ:
NLB Banka
IBAN CODE: MK07210501699259629
SWIFT: TUTNMK22
Може да се донира и преку Facebook страната за донации за Кристијан, каде до моментот на објавување на овој текст се собрани околу 15,5% од потребните средства.
Ве повикуваме уште еднаш, да му помогнеме на Кристијан. Доволни се два допири на екранот на телефонот, допрете го бројот, а потоа само изберете воспоставување на повик и вашата донација автоматски ќе се префрли на сметката за лекување на Кристијан.
За донација, допрете го соодветниот број:
Телеком: 143 136
А1: 143 464
Кристијан, Јована и нивните родители ќе Ви бидат бескрајно благодарни.