| |

Игралиште од соништата – 27.02.2022 во 11:55ч. – настан за подигнување на свеста за лицата со ретки болести

Сподели го ова преку:


Последно ажурирање: 24.02.2022 во 14:23

Игралиште од соништата – живот од соништата за секое дете – настан за подигнување на свеста за лицата со ретки болести, настан кој се одржува за прв пат, а е во организација на ЗЛРБП „МОЈОТ РЕДОК СВЕТ“. Настанот ќе се одржи на 27.02.2022 година (Недела) на Могилата на Непобедените (или во големата сала на Општина Прилеп) на вториот кат во ООУ „Рампо Левката“, во Прилеп и почнува во 11:55 ч., како симболика дека е крајно време – пет до дванаесет, да се крени општата свест и да им се помогне на лицата со ретки болести. Се разбира, за дружба и заедничко играње се поканети СИТЕ деца, без исклучоци и без било каква дискриминација. Дозволено е децата да си ги носат и своите родители 🙂

Настан - Игралиште од соништата - Мојот редок свет
Бои на ретките

За настанот

Настанот ќе се одржи на отворено, а „влезот“ се разбира дека е бесплатен. Централното случување ќе биде во амфитеатарот, во паркот на Могилата на Непобедените ООУ „Рампо Левката“ на вториот кат.



Настанот го поддржа и градоначалникот на Општина ПрилепБорче Јовчески на работниот состанок со претседателката на ЗЛРБП „Мојот редок свет“ – Јасминка Стојковска во Вторникот, на 22.02.2022. Повеќе детали за разговорот може да прочитате на информативниот веб портал stanica.mk

Доколку Бидејќи временските услови не дозволуваат настанот да се одржи на отворено на Могилата на Непобедените (моменталната временска прогноза предвидува голема можност за врнежливо време), истиот ќе се одржи во големата сала на Општина Прилеп ООУ „Рампо Левката“, со почеток во планираното време – пет до дванаесет.

Настанот го организира ЗЛРБП „МОЈОТ РЕДОК СВЕТ“, а кон организацијата, со своја поддршка постојано се вклучуваат сè повеќе фирми, учители, тутори, јавни личности, но и физички лица. Здружението е отворено за соработка со секој кој е спремен да подаде рака или да придонесе со своја идеја.

ЗЛРБП „МОЈОТ РЕДОК СВЕТ“ е здружение кои ги застапува интересите на лицата со ретки болести и попречености на секое поле. Примарно, делува на територијата на Општина Прилеп. Можете да ги следите преку нивната ФБ страна или да ги контактирате преку електронска пошта на [email protected] или телефонски на 070 593 353

Програма и планирани случувања на настанот

Здруженитето е отворено за соработка и континуирано збогатување на програмата на настанот. До моментот на пишување на оваа информација, како дел од програмата познат на нашата редакција, најавени се следните точки:

  • Настап на ѕвездите од најпопуларниот детски и тинејџерски музички фестивал „Весели Ѕвончиња“
  • Атеље Артика – добротворна продажна изложба на уметнички цртежи (по симболични цени) изработени од деца, членови на училиштето за ликовна уметност „Атеље Артика“. Собраните средства ќе бидат наменети за помош на деца со ретки болести
  • Ученици од основно образование ќе изработат мартинки кои ќе бидат понудени по симболични цени, а средствата ќе се насочат во фондот за помош на деца со ретки болести
  • Ќе бидат прикажани кратки драмски приредби од забавен карактер, во изведба на ученици од основно образование, а наменети да ја подигнат свеста за децата со ретки болести и нивното прифаќање во општеството
  • ЕДУ Александра Шампиони ќе организира креативна работилница за најмладите
  • Ќе настапи хорот на здружението Преродба
  • Извидниците од извидничкиот одред Феникс ќе организираат активности/работилница за децата
  • Работилница за изработка на мартинки во боите на ретките – деца од О.О.У. “Климент Охридски” од IV-1 одделение, со својата учителка Милица Ацеска.

За заблажување и закуска на коктелот ќе се погрижат:

Дополнително се планира мал коктел за кој здруженито ги повикува угостителите од Прилеп да се приклучат кон организацијата на овој настан од културно забавен карактер за најмладите.

Околу декорацијата со балони, ќе се погрижат Гоце Кловн – Бети декорации.

Поддршка за настанот

STANICA.MK се појавува како ексклузивен медиумски покровител на настанот.

БИТ КРАФТ дооел се грижи за евенуални графички подготовки и помош околу ИТ при организацијата, а преку својот хумористично-забавен портал NEOZBILNO.MK континуирано помага околу презентацијата и известувањето за овој настан, кој се надеваме ќе прерасне во традиција и ќе продолжи да се одржува секоја година.

Настанот со свои производи и услуги го поддржуваат и МАКСПРИНТ, КОМФИ АНГЕЛ и Мимоза Талеска – ТианДе.

Во продолжение, го пренесуваме обраќањето за јавноста на здружението МОЈОТ РЕДОК СВЕТ:


Настан: „Игралиште од соништата – Живот од соништата за секое дете“

Организатор: Здружението на лица со ретки болести и попречености “МОЈОТ РЕДОК СВЕТ” – Прилеп, со поддршка на Градоначалникот Борче Јовчески, Општина Прилеп, локалната бизнис и институционална заедница.

ПОВОД

Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со ретки болести и попречености 28-ми Февруари 2022 година, со акцент на превземање на конкретна акција. Со подигање на свесноста од најмала возраст за постоење на различностите, ние градиме здраво општество еднакво за сите.

Локација: О.О.У. „Рампо Левката“ – Прилеп

Датум: 27.02.2022Недела во 5 до 12.00 часот

АГЕНДА

  • Краток увод за значењето на Меѓинародниот ден на ретките болести, што се ретки болести, проблематиките со кои што се соочуваат лицата со ретки болести и попречености.
    Предавач: Биљана Василеска поранешен едукатор во Центар зајавно здравје
  • Кратка драмска игра на тема „Да се прифати или не? – Моето различно другарче“ припремена од ученици од О.О.У. „Гоце Делчев“ – Прилеп, под водство на наставничката Биљана Јагуриноска
  • Хип-хоп балетска точка припремена од студио за танц нова генерација “Dance studio new generation”, со наставниците Оливер Богојевски и Магдалена Еленоска.
  • Кратко предавање за значењето на истражувањето, правилната и навремена дијагностика, третман, терапија, рехабилитација и психолошка поддршка за лицата со ретки болести и попречености. Вмрежување на здравствените институци меѓусебно на локално ниво, поврзаност и соработка помеѓу институциите од примарно до терцијарно здравство поради комплексноста на ретките болести. Поврзување и контакти со институти кои се посветени на истражување на ретките болести, за што поквалитетна здравствена благосостојба на пациентите.
    Предавач: Д-р. Ангелка Спиркоска.-Хип-хоп балетска точка.
  • Здружението „Преродба“ својата поддршка ја дава со изведба на две песни од нивниот репертоар.
  • Фестивалчето „Весели ѕвончиња“ ќе отпеат неколку песнички денес, со посвета на своите ретки и посебни другарчиња, предводени од Директорот на фестивалот Гоце Илиески – Балада.
  • Хип-хоп завршна точка.

ПРЕДВИДЕНИ РАБОТИЛНИЦИ

  • Цртање на тема: “Моето ретко другарче” – “Свет во боите на ретките” на кое учество земаат децата од Училиштето за цртање Атеље „Артика“
  • Еду Александра Шампиони – креативни работилници за деца.
  • Работилница за изработка на мартинки во боите на ретките на која учество ќе земат деца од О.О.У. “Климент Охридски” IV 1 со својата учителка Милица Ацеска.
  • Работилница „Отпечатоци на раце на хамер“, за поддршка на лицата со ретки болести и попречености.
  • Извиднички одред „Феникс“ со свои изведби

Мартинки и слики изработени од децата ќе можат да се купуваат од страна на присутните како донација.

Задоволство е кога се знае дека Прилеп покажа огромна свест и даде голем придонес за одржување на настанот посветен на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со ретки болести и попречености.

Наши партнери: Општина Прилеп, Бит Крафт дооел, Макспринт, Конфи Ангел, Витаминка, слаткарници Дизниленд, Дизниленд Трејд, Шар, Пекара Маја, Мимоза Талеска – Тиан Де, Бети – Декорации,аптека Ремедија и други!

Напомена: Длабоко извинување за промената на локацијата во затворена просторија поради временската прогноза. Поради овие причини, а со оглед на заинтересираноста за настанот ЗЛРБП „МОЈОТ РЕДОК СВЕТ“ испраќа апел за почитување на мерките за заштита од КОВИД-19. Од тие причини организираноста ќе биде во насока на првенствено на заштита на присутните.


Да помогнеме сите заедно

Ве очекуваме на Могилата на Непобедените вториот кат во ООУ „Рампо Левката“ на 27.02.2022 во ПЕТ-ДО-ДВАНАЕСЕТ на дружба и забава, преку која сите заедно ќе го одбележиме денот на лицата со ретки болести, преку која ќе им овозможиме дружба на нашите деца и ќе им покажеме со личен пример дека иако различни, всушност сите сме исти!

Не заборавајте да ја споделите оваа објава на вашиот ФБ или Твитер профил (или било која друга друштвена мрежа)! Секако, одбележете ја во својата букмарк листа (Ctrl-D и притиснете Enter на тастатурата на компјутер или лаптоп / на паметен телефон или таблет завлечете надолу, допрете ги 3-те точки во горниот десен агол и допрете ја ѕвездичката во најгорниот ред од менито, или изберете Add to Home screen за да поставите кратенка до оваа статија на работната површина). Вака лесно ќе можете да се навратите на оваа објава и да ги видите измените/новостите или едноставно да се потсетите на било која информација во врска со настанот.

Оваа објава повремено се ажурира со нови информации сè до одржувањето на настанот.
Последно ажурирање: 24.02.2022 во 14:23

Насловна фотографија на објавата: Acolakoska – WikipediaCC BY-SA 3.0



Сподели го ова преку:

Слични Објави