Прочка 2022 - Прилеп
| |

Прочка 2022 во Прилеп, по љубилеен 20-ти пат!

Сподели го ова преку:

Бидна и тоа – Прочка 2022, по љубилеен 20-ти пат во Прилеп.

Најпрво, да го споделиме официјалното видео од Општина Прилеп, објавено по повод карневалот Прочка 2022

Прочка 2022 низ објективот на НЕОЗБИЛНО

Ние како и секогаш, така и овој пат, неозбилноста си ја земаме крајно сериозно, па се појавивме на лице местото без беџ и само со смартфон (фото-апаратот си го чуваме за нов …добро де, неозбилни сме, го заборавивме во редакција), па Ви пренесуваме крајно аматерски фотографии од настанот, фотографирани од публика (нели, се појавивме инкогнито – без беџови и останати сериозни ознаки и брендирања). Ама затоа пак имаме галерија која е исто како да ја фотографирал некој Ваш пријател, нели? Со гаранција ниту еден друг портал нема вака природни фотографии. Затоа сме си блиски со нашата публика.



Организацијата беше скромна и (ако добро изброивме) настапија 14 групни маски, од кои повеќето беа учесници од основните училишта од Прилеп. Секако имаше и гости од други градови, но не и од други држави како што е вообичаено, но тоа беше поради комплексноста на ситуацијата и наложено од околностите. Најискрено се надеваме дека во 2023-та нема да има непотребни ограничувања како оваа година и дека на фестивалот ќе настапат барем 10 пати повеќе групни маски.

Во секој случај, земајќи ги во предвид настаните од претходните две години, најважно е дека по пауза од две години, карневалот се враќа во Прилеп.

5/5 - (1 vote)



Сподели го ова преку:

Слични Објави