МАШКИ ПРОБЛЕМИ – ФЕЈСБУК ЗАБРАНИ МАЛИ АЛАТКИ

Сподели го ова преку:


Рано утрово по Калифорниско време, одржан е итен состанок на извршните директори на компанијата Мета, сопственик на друштвената мрежа Фејсбук.

На овој состанок е дискутирана една единствена точка која ги регулира сликите кои можат мажите да ги испраќаат на жени или девојки во пораки (инбокс).



Имено, одлучено е под итна постапка да се блокира секој машки профил од кој во иднина ќе се испрати фотографија од алатка пократка од 5,9 инчи (15 сантиметри) на жена или девојка.

Веќе се создадени неколку групи кои имаат за цел да соберат потписи за поднесување на петиција со која оваа мерка ќе се поништи, но најверојатно штитејќи го своето его, сеуште никој не сака да членува во тие групи.

Ако сакате да помогнете на другар или пријател со алатка пократка од 15 сантиметри, споделете ја оваа статија на неговиот Фејсбук профил.

Редовно следете го НЕОЗБИЛНО за повеќе КРОМИД вести како оваа.

Слика од Калифа од една друга ситуација, кога го чувствува уште пред да се случи


Сподели го ова преку:

Слични Објави